ЈУ Градска библиотека “Браќа Миладиновци” – Скопје
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје Ви посакува добредојде во библиотечната мрежа од 4 (четири) сектори-централни библиотеки, 14 (четиринаесет) библиотеки подружници и подвижна библиотека – Библиобус, кои работат во составот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, распоредени на територијата на град Скопје.
Во овие седумдесет и три години постоење и делување, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е институција од областа на културата која остварува значајна улога во собирањето, чувањето, заштитата, истражувањето, проучувањето, промовирањето и користењето на пишаната културна историја, давајќи придонес во развивањето на знаењето и негувањето на националните културни вредности.


Богатството на една библиотека се вреднува според бројот на книги, но и според колекцијата на раритетни изданија. Библиотеката има колекција на стари и ретки книги од 16, 17, 18, 19 век, значајни за науката, уметноста и културата. Збирката се состои од: старопечатени книги на македонски јазик до 1948 година; старопечатени книги на латиница од 16 до 19 век; старопечатени книги на кирилица; старопечатени книги на арапски и турски јазик. Збирката претставува културно наследство од особено значење – поткатегорија големо значење.

“Comfortable and quiet place, power and wifi, walking distance from The bridge and The Castle. 5 ⭐!”
Local Guide

“Great library with a lot of books. Perfect place for learning and reading in Skopje. It’s a perfect place to study with a lot of students.”

Local Guide

“I used to visit a lot this library in my childhood – they had rich and very good choice of books.”

Local Guide
Јадрото на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” го сочинува репрезентативна збирка на стари и ретки книги, но и значајна колекција на уметнички слики, акварели и цртежи од Северно Македонската современа ликовна уметност, кои се единствени по својата вредност.

