Почестена сум и возбудена затоа што сум дел од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори и ви благодарам за се’ што правите за македонската книжевност!Мислам дека тука ги претставивте најзначајните писатели во моментов, писатели со светски дела и коишто заслужуваат многу внимание, а често се скромни или тивки во однос на себепромоцијата. Наспроти празните флоскули, ова е вистинска поддршка и негување на македонскиот јазик – искрено кажување на поетесата Биљана Стојановска, со чија книга „Додека спиеш“ (Чудна шума) синоќа го заокруживме третиот циклус на кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.
Вчера ја славевме поезијата, македонскиот јазик и животот!
Благодарност до сите вклучени во кампањата и до сите искрени поддржувачи!
Ваша, ГБСК
