Незаборавна посета на 100 учениците од ОУ “Гоце Делчев” од Љубанци во нашата централна библиотека!
Поделени во две групи, тие се запознаа со Одделот за литература за деца и млади, Одделот за белетристика, нашата уникатна Книговезница, како и многу популарната спомен-соба “Т’га за југ”.
Учениците и нивните наставници не’ почестија со огромна доза љубопитство и радост, а ние им возвративме со мноштво информации за сите наши библиотеки и услуги
Драги деца, ние во ГБСК силно веруваме дека пријателствата во име на Книгата траат вечно
