Посета од ООУ „Коле Неделковски”

Учениците од II одделение од ООУ „Коле Неделковски” – Центар, Скопје и нивните наставнички Слободанка Гочевска и Роза Нушкова ја посетија нашата централна библиотека.

Гордана Каракашевска ги запозна со професијата библиотекар, со начинот на зачленување, зајмење и враќање на книгите, а на крајот и заедно читаа.

Драги другари, ви благодариме на убавиот ден и со радост повторно ве очекуваме во Одделот за литература за деца и млади на ГБСК.