Во нашата централна библиотека писателката и прведувачка Калина Малеска се сретна со љубопитните дечиња од I в од ООУ „Коле Неделковски” – Центар, Скопје и заедно одржаа работилница на тема „Принцезата и жабецот-пријател“. Гостинчињата ги пречека Мартина Никчевска која им го претстави Одделот за литаретура за деца, бројните книги тука и можноста за зачленување. Откако Калина им ја прочита и раскажа приказната, учениците прашуваа, дискутираа, а потоа ѝ се препуштија на фантазијата, па создадоа прекрасни цртежи за пријателството меѓу една жаба и една принцеза
Драги другарчиња, ни го разубавевте денот! Вие не’ уверивте дека никој не е премал да чита течно и да раскажува прекрасно и никој не е преголем да сонува искрено и детски. Благодарност до наставничките Даниела Апостолска и Аница Тапаѓозова за сета љубопитност и љубов кон Книгата што им ја пренесуваат на нивните ученици. Работилницата беше дел од проектот Tech Tales with a Twist. Драги ученици и наставници, никогаш не заборавајте дека библиотеката е сигурно и безбедно место за вашата креативност
