Еден топол јулски ден.
Ќе го паметиме по прекрасната дружба со другарчињата од Училиштето за јазици Еурокидс.
Нивната љубопитност беше инспиративна, па нашиот тим со задоволство ги запозна со Одделот за литература за деца во централната библиотека, како и со богатиот книжен фонд во него, каде што се наоѓаат и сите лектири.
Им благодариме и на нивните наставнички Вера Доневска и Емилија Трајковска за иницијативата да ја посетат нашата библиотека и да ја искористат поволноста за групен упис.
Другари, ви ги чуваме лектирите и ве чекаме на нови читачки авантури.
