Нашата драга Лидија, омилената библиотекарка на многу генерации читатели од Аеродром и пошироко минатата недела ја пречека екипата на Канал 5 Телевизија. Со новинарката Бисера Ловачева разговараа за библиотеката „Јане Сандански“ (зад Капитол) и зошто таа е една од најактивните скопски библиотеки.
Лидија со многу љубов говори за значењето на книгата во денешното дигитално време и сосема ненаметливо дава широка препорака за сите генерации.
