Касадеј“ е роман – фреска за меѓучовечките делби и разделби, за војувањето по чиј крај сите мајки исто плачат, за радоста од љубовта и за болката од невозвратената љубов, за густиот сплет од судбини кои животот го прават комплициран, но и возбудлив и вреден за живеење, за Црквата и Дворот како два сложни или спротивставени престоли. И пак, и одново, се поставува истото тревожно прашање: „Да ги запалиме ли во прав и пепел старите мапи на Брдокан, или, исцртувајќи нови мапи, да ги изгониме засекогаш историските демони и сеништа?“ И ние, како современици, вреди да се замислиме над тој голем исцртан прашалник.

Каседеј
Автор:
Велко Неделковски
Година на издавање:
2024
Издавач:
клуб Матица
Јазик:
Македонски
Број на страници:
ISBN:
9786081010794
Жанр:
Краток опис