Тајни (Колекционери #2)


Автор:

Јордан Коцевски

Година на издавање:

2023

Издавач:

Антолог

Јазик:

Македонски

Број на страници:

352

ISBN:

9786082437309; 6082437306

Жанр:

Краток опис

Со натегнатата атмосфера, динамичните дијалози и неочекуваните пресврти, „Тајни“ е трилер што ќе ви ги скине нервите и ќе ве заведе во светот полн со скриени опасности и интригантни мистерии.

Една провала го воведува инспекторот Саше во истрага во која мора да извлече максимум од својата проникливост. Тој ќе пронајде сведок и ќе го идентификува злосторникот, но за да дојде до непобитни докази, бара помош од неговиот пријател и поранешен партнер, Златко. Тргнуваат заедно во потрага по вистината, разоткривајќи мрачни тајни, соочувајќи се со опасни закани и со скриени предизвици.

Приказна за вистинското, несебично пријателство, за корумпираноста на системот, за моќта на богатите наспроти останатите членови на општеството, за луксузот кој неморалните личности си го дозволуваат и за тоа дали една личност може да остане етички доследна под притисок на средината. Лесниот стил на Коцевски во комбинација со хуморот го прават ова дело вистинско задоволство за читателите.