Сместено во препознатливиот рурален пејза, дејството во романот „Скакулcи“ се случува во еден транзиcиски период, кога е во тек своевидна „космизаcија“ на дотогаш варварскиот, тукуречи магиски свет во кој ивееја ликовите на Петре М. Андреевски. Романот почнува со поглавјето насловено „Косидба. Време на големи промени“, навестувајќи го доаЌањето на новиот поредок, во кој „господ почнува да шета по земја“ отелотворен во претседателот на т.н. СеРеЗе и сите го ословуваат со „другар“. Покрај писателското мајсторство, во „Скакулци“ најчитлива е сатирата како постапка по која авторот посегнува за да ја исмее новата власт, притоа исмевајќи ги оние кои ја легитимираат, дури и кога нејзиното постоење е гротескно. Скакулcите, како и пирејот, се симбол што посочува на „синдромот на изгубениот и неосознаениот идентитет“.

Скакулци
Автор:
Петре М. Андреевски
Година на издавање:
2020
Издавач:
Арс Ламина, Арс Либрис
Јазик:
македонски
Број на страници:
218
ISBN:
978-608-259-819-2
Жанр:
Краток опис