Алистер Карсингтон навистина не сака како порано, толку да ги обожува жените. За да им избега на своите најлоши навики, си замина далеку од цивилизацијата: во Дарбишир, и тоа во зима! Се надеваше дека таму со еден потег ќе заврши две нешта: дека ќе им побегне на сите свои пороци и дека ќе му се оддолжи на пријателот што му го спаси животот во битката кај Ватерло. Но, и покрај овие чесни намери, Алистер се најде лице во лице со госпоѓица Мирабел Олдриџ, необичната повозрасна девојка што е своеглава и истовремено досетлива како него. Но и совршено неодолива. Мирабел Олдриџ веќе има полни раце работа, внимавајќи нејзиниот генијален и неверојатно ексцентричен татко да не падне во неволја. Најмалку што ѝ треба е исклучително привлечен, претерано чувствителен и премногу умен благородник што ќе ја потсети дека и таа има срце – а и тело за кое тој забележува дека е толку неугледно облечено што дури чувствува граѓанска должност да го соблече. Може ли да биде полошо?

Чудесната госпоѓица
Автор:
Лорета Чејс
Година на издавање:
2023
Издавач:
Бата Прес
Јазик:
Македонски
Број на страници:
333
ISBN:
9786082532080
Жанр:
Краток опис