Зоран Жмириќ преку кратки, тукуречи филмски секвенци со дијалози и со велемајсторска симетрија на изговореното и премолченото, горчината и нежноста, сеќавањето и заборавот, нѐ вози низ животот на едно навидум (не)обично семејство, и тоа со автомобил од марката вартбург. „Во тој автомобил е цел еден живот.“ Вартбургот станува и простор за пресметка со таткото, кој е многу поодговорен во улогата на сопственик на вартбургот отколку во улогата на родител. Или, можеби само така се чини, „едноставно затоа што не знаел поинаку“?

Хотел Вартбург
Автор:
Зоран Жмириќ
Година на издавање:
2023
Издавач:
Муза
Јазик:
Македонски
Број на страници:
175
ISBN:
9786084906315
Жанр:
Краток опис