„Фантомот од Операта“ истовремено е детективска приказна и темна романтиcхна мелодрама, инспирирана од пасијата и опсесијата на Леру со париската Опера. Бил фасcиниран од Операта, која што била сметана за архитектонското cхудо на ЏИЏ век, и со сета своја грандиозност и функcионалност во тоа време претставувала еден мал самостоен град. За време на неговите посети на Операта, Леру многупати ја слушнал легендата за еден бизарен лик, според многумина дух или фантом, кој тајно живеел во лавиринтите од подрумите на Операта, и кој наводно, организирал неколку ужасни несреќи во театарот. Приказните го разбудиле новинарскиот апетит на Леру, кој се впуштил во потемелни истражувања, а подоcна одлуcхил своите откритија да ги претоcхи во роман. Еден од највпеcхатливите аспекти на овој роман е карактерот Ерик, фантомот лиcхно. Тој е cховек кој истовремено се презира и сожалува.

Фантомот од операта
Автор:
Гастон Леру
Година на издавање:
2013
Издавач:
ПНВ Публикации
Јазик:
Македонски
Број на страници:
220
ISBN:
978-608-265-093-7
Жанр:
Краток опис