Фати го зајакот


Автор:

Лана Басташиќ

Година на издавање:

2022

Издавач:

Артконект

Јазик:

Македонски

Број на страници:

237

ISBN:

978-608-4852-65-0

Краток опис

„Фати го зајакот“ е приказна за две жени и нивното сложено пријателство. Дванаесет години по нивната последна средба, Сара добива телефонски повик од Лејла, по којшто решава да отиде на патување со автомобил од Мостар во Виена, со цел двете заедно да го најдат Армин, одамна исчезнатиот брат на Лејла. Патувањето ќе се покаже како нешто многу повеќе од обично повторно поврзување на старите училишни другарки: товарот на нивната заедничка приказна на моменти станува претежок. „Лана Басташиќ… се издвојува со зрелоста на своето романескно писмо, со својот автентичен раскажувачки глас, со специфичната енергија на раскажувањето и, најважно, со високите книжевни стандарди што ги поставува уште во својот дебитантски роман.“ Дубравка Угрешиќ „Романот на Лана Басташиќ за две млади жени кои понираат во поствоената Босна како две Алиси во Земјата на чудата е мудар, енергичен, страстен роман, кој најавува голем талент.“ Александар Хемон