Кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори

Кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори е многу важна барем по две нешта: прво, го сврте вниманието кон нас, македонските автори бидејќи не бевме доволно читани, иако имаме одлична продукција и второ не’ врати нас и нашите дела онаму каде што органски припаѓаме – во библиотека. Никој нема против ваквите средби и промоции во кафулиња, книжарници и слично, но припадноста во библиотеката е нешто сосема поинакво, природно. Ви честитам на истрајноста! Ова беа првите зборови со кои @Оливера Ќорвезироска го започна синоќешниот разговор. Нејзинот роман “Три Марии”, за кој го доби и Рациновото признание, го означи почетокот на 4.циклус од нашата кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.

Разговорот го водеше Александра Јуруковска, а фрагменти читаше актерот Андреј Серафимовски.