Уписи во Игралната на Библиотека Другарче

Најстарата игрална во Скопје – Игралната во Библиотека „Другарче“ повторно ги отвора вратите за безгрижна игра на вашите најмили! Со работа започнуваме на 1 септември. Игралната работи од 12.00-14.30 часот. Уписот е за деца на возраст од 4-6 години, а бројот на места е ограничен. Игралната постои од 1981 година. Во неа работи библиотекар-педагог.

Програмата опфаќа: читање и обработка на сликовници, ликовна обработка на книги, развој на креативни и моторни вештини, учество на ликовни и креативни конкурси, почетно пишување и математика, одбележување на значајни дати, настани и празници. Во највеселата Игрална во градот редовно гостуваат најактуелните домашни и странски автори и илустратори за деца кои уживаат во нашите интерактивни работилници

Секое дете од Игралната добива бесплатно членство во библиотеката. Што велите за детство меѓу книги? Игра, креација и многу, многу приказни.