„Иновативни библиотечни програми – едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“

На 4 и 5 јуни во организација на НУУБ „Климент Охридски“ – Битола се одржа Меѓународна библиотекарска конференција на тема „Иновативни библиотечни програми – едукација на корисници и професионално усовршување на библиотекари“. На Конференцијата, ГБСК ја претставуваа:

Александра Божиновска (библиотекар) го презентираше трудот “Улогата на библиотеките во активно користење на слободното време“;

Андријана Апостоловска (советник библиотекар) говореше на тема „Библиотекарите клучен сегмент во каналот на комуникација“ работена во коавторство со Сања Јованова Петров и Снежана Георгиевска Цветковска;

Билјана Аџиоска Пенџарова (виш библиотекар) беше модератор на третата сесија „Обуки и професионалне развој на библиотекарите“;

На конференцијата во Битола учествуваа библиотекари од Србија, Црна Гора. Босна и Херцеговина, како и од повеќе библиотеки од Македонија

Им благодариме и честитаме на колегите од НУУБ „Климент Охридски“ – Битола за организацијата!