Работилница за сликовницата „Беззборовната Ела“

Работилница за сликовницата „Беззборовната Ела“ во рамки на YES фестивалот со писателката Билјана Црвенковска и учениците од II одделение при ООУ „Димитар Миладинов“ во нашата библиотека “Страшо Пинџур”. Преку содржината на книгата, разговор и креативни активности, учениците ја истражуваа темата на пријателството и учеа како тишината понекогаш зборува најгласно

Имагинацијата оживеа преку прекрасни цртежи за другарството. Главната порака: Другарство, разбирање, помагање и неосудување – вредности што нè поврзуваат и нè прават подобри луѓе. Посебна благодарност до наставничките Весна Кусакатска и Елица Филиповска за нивната несебична поддршка, посветеност и инспирација.