Словото на светите браќа Кирил и Методиј живее низ зборот на младите креативци!
14. традиционален литературен конкурс во чест на сесловенските просветители, организиран од неуморниот тим на Библиотека Другарче. Годинашната тема беше “ Една радосна вест “ и значеше покана за надеж и потсетување дека и во најобичен ден може да се случи нешто убаво. Учествуваа 9 основни училишта од општина Карпош. Тие се доказ дека во Карпош расте генерација со млади луѓе со богата имагинација и “ една радосна вест” која ги поттикнува оптимизмот, добрината и надежта. Посебна благодарност упатуваме до наставниците и менторите кои го подржаа овој процес и ги охрабрија своите ученици да го изразат својот внатрешен свет.
Конкуренцијата беше навистина голема, а талентот и креативноста на високо ниво. Комисијата имаше доста тешка задача, но посвети многу време и внимание на внимателно разгледување на вашите творби. Гран при наградата ја доби Михаил Јачовски 8б одделение од ООУ „Јан Амос Коменски“ – Карпош, ментор м-р. Матилда Бајкова. Модератор на настанот беше Мартина Никчевска, библиотекар. Посебни гости ни беа другарчињата од Игралната при библиотеката „Другарче“. Честитки за раководителката Силвана Јакимова и нејзинот посветен тим за целата реализација! Драги ученици, продолжете да пишувате и да ја барате светлината во зборот! Драги наставници, продолжете да ја чувате и негувате мисијата на рамноапостолите Кирил и Методиј како и до сега!
