ДомаЦветан Димов

Централна библиотека „Цветан Димов“

Библиотеката „Цветан Димов“ e една од најстарите библиотеки во градот. Датира од 1947 година и од самото постоење до денес е мултиетничка, единствена во од таков вид во нашиот главен град. Според организациската поставеност Централната библиотека Цветан Димов со своите клонови е многу важен сегмент во мозаикот од билиотеки, кои ја сочинуваат Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје. Библиотеката „Цветан Димов“ и нејзините клонови: „Св. Наум Охридски” , „Ѓорѓи Абаџиев”, „Кочо Рацин”, „Коле Неделковски” и „ 25 Мај “ се лоцирани на територијата на три скопски општини: Бутел, Гази Баба и Чаир. Белетристиката, новите светски хитови на врвните мајстори на пишаниот збор, лектирните изданија како и научните изданија се предмет на постојан интерес на читателската публика. Како мултиетничка библиотека, нашата институција поседува литература на повеќе јазици: македонски, албански, турски, српски итн., како белетристика, така и литература од повеќе научни области. Централната библиотека „Цветан Димов“ е лоцирана во новата зграда на општина „Чаир“.

Во составот на Централната библиотека „Цветан Димов“ работат повеќе оддели:


  • Оддел литература за деца

  • Оддел за научна литература

  • Оддел за набавка и обработка на библиотечната граѓа

  • Оддел игрална

  • Оддел курс по англиски јазик

Цветан Димов

Автобуски линии

Телефон

Работно време


  • Адиље Ајети – раководител на ОЕ Цветан Димов

  • Адије Дестановиќ

  • Силвана Димовска

  • Мирјана Донева

  • Ајкуна Османи

  • Ертрур Мусли

  • Цвета Павлевска

  • Роза Велеска

  • Стојановска Данка -хигиеничар