Дружби

  • Дружба со другарчињата од Училиштето за јазици Еурокидс

    Дружба со другарчињата од Училиштето за јазици Еурокидс

    Еден топол јулски ден. Ќе го паметиме по прекрасната дружба со другарчињата од Училиштето за јазици Еурокидс. Нивната љубопитност беше инспиративна, па нашиот тим со задоволство ги запозна со Одделот за литература за деца во централната библиотека, како и со богатиот книжен фонд во него, каде што се наоѓаат и сите лектири. Им благодариме…

  • Игрална од фестивалот YES

    Игрална од фестивалот YES

    На 26 мај во нашата библиотеката „Другарче“ се одржа настан од фестивалот YES, што е во организација на издавачката куќа Чудна шума. Во игралната, децата од големата група од градинката „Орце Николов“ учествуваа на работилница за сликовницата „Храброто срце Хермит“, која ја водеше писателката Билјана С. Црвенковска. Заедно раскажуваме млади европски приказни.

  • Посета од ООУ „Коле Неделковски”

    Посета од ООУ „Коле Неделковски”

    Учениците од II одделение од ООУ „Коле Неделковски” – Центар, Скопје и нивните наставнички Слободанка Гочевска и Роза Нушкова ја посетија нашата централна библиотека. Гордана Каракашевска ги запозна со професијата библиотекар, со начинот на зачленување, зајмење и враќање на книгите, а на крајот и заедно читаа. Драги другари, ви благодариме на убавиот ден и…

  • Посета од ОУ “Гоце Делчев”

    Посета од ОУ “Гоце Делчев”

    Незаборавна посета на 100 учениците од ОУ “Гоце Делчев” од Љубанци во нашата централна библиотека! Поделени во две групи, тие се запознаа со Одделот за литература за деца и млади, Одделот за белетристика, нашата уникатна Книговезница, како и многу популарната спомен-соба “Т’га за југ”. Учениците и нивните наставници не’ почестија со огромна доза љубопитство…