Работилници
-

Работилница инспирирана од книгата „Куќа без огледала“
•
Во организација на Издавачката куќа Чудна шума, заедно со авторката и уредничка Билјана С. Црвенковска и учениците од VI и VII одделение од ООУ „Лазо Ангеловски“ беше одржана инспиративна работилница. Преку искрено и топло дружење, сите имаа можност да ги споделат своите мисли и чувства за важните теми што ги отвора оваа книга: Прифаќањето…
-

Работилница на тема „Принцезата и жабецот-пријател“
•
Во нашата централна библиотека писателката и прведувачка Калина Малеска се сретна со љубопитните дечиња од I в од ООУ „Коле Неделковски” – Центар, Скопје и заедно одржаа работилница на тема „Принцезата и жабецот-пријател“. Гостинчињата ги пречека Мартина Никчевска која им го претстави Одделот за литаретура за деца, бројните книги тука и можноста за зачленување.…
-

Работилница за сликовницата „Беззборовната Ела“
•
Работилница за сликовницата „Беззборовната Ела“ во рамки на YES фестивалот со писателката Билјана Црвенковска и учениците од II одделение при ООУ „Димитар Миладинов“ во нашата библиотека “Страшо Пинџур”. Преку содржината на книгата, разговор и креативни активности, учениците ја истражуваа темата на пријателството и учеа како тишината понекогаш зборува најгласно Имагинацијата оживеа преку прекрасни цртежи…
-

Одбележување на Денот на сесловенските просветители во библиотеката во Илинден
•
По повод Денот на сесловенските просветители, библиотеката во Илинден и ООУ „Гоце Делчев“ заеднички организираа настан чија цел е да се истакне значењето на словенската писменост и култура. Настанот вклучуваше креативна работилница, драматизација на литературен текст, како и претставување на лични творби инспирирани од животот и делото на светите Кирил и Методиј. Целата програма…
-

Денот на Св. Кирил и Методиј – сесловенските просветители
•
Чествување на Денот на Св. Кирил и Методиј – сесловенските просветители, во нашата библиотека “Кочо Рацин” (дом на културата Автокоманда). Им благодариме на учениците од VII одделение ООУ “Стив Наумов” – Гази Баба за прекрасната средба и љубопитноста и љубовта кон Книгата. Библиотекар: Снежана Митевска, раководител: Семра Осман.