Куќа без спомени


Автор:

Донато Каризи

Година на издавање:

2023

Издавач:

Матица

Јазик:

Македонски

Број на страници:

350

ISBN:

9786081009804

Жанр:

Краток опис

Исчезнатото момче е пронајдено во шумата кога веќе сите ја изгубиле надежта. Николин има дванаесет години и изгледа дека е добро: некој го хранел, облекувал, се грижел за него. Но не е можно да се открие кој, бидејќи Нико не зборува. Неговата свест е како куќа во тотален мрак, во којашто, наизглед, е невозможно да се влезе.

Единствениот кој може да допре до него е детскиот психолог Пјетро Гербер. Најдобриот хипнотизер во Фиренца е повикан да го истражи умот на Ник и да ја открие неговата приказна. И иако изгледа невозможно, тој успева во тоа: препознава чкрапало – движење, комбинација на зборови – коешто придвижува нешто во момчето. Но, кога Нико почнува да ја раскажува својата приказна, Пјетро Гарбер сфаќа дека отворил врата на заборавена соба. Соба во којашто се крие нешто злокобно. На хипнотизерот му е јасно дека нема многу време за да го спаси Нико бидејќи наскоро запаѓа во опасна замка на шума од илузии и измами. Гласот на момчето под хипноза е гласот на детето.

Но, приказната – приказната не е негова…