Срамота од Џон М. Куци е роман што тешко се заборава. Вознемирувачката приказна за тричлжената банда што ја силува ќерката на посрамотениот професор и книевник Дејвид Лури останува длабоко вреана во сеќавањето на читателот, речиси како физичка рана. Овој мајсторски приказ за приватното и јавното посрамотување и каење, претставено низ духовното и физичкото патешествие на контроверзниот протагонист Дејвид Лури, има и политички и интимен карактер. Ова исклучително, повеќеслојно, комплексно, стилски и јазично беспрекорно книевно дело е добитник на Букеровата награда во 1999 година. Со тоа Куци станува прв писател што ја добил оваа награда двапати, имајќи предвид дека во 1983 му е доделена за романот животот и времињата на Мајкл К. По ваквиот успех, Куци ја добива и Нобеловата награда за литература во 2003 година.

Срамота
Автор:
Куци, Џон М.
Година на издавање:
2013
Издавач:
Магор
Јазик:
македонски
Број на страници:
209
ISBN:
978-608-223-294-2
Жанр:
Краток опис