Летниот распуст на Хари е незаборавен, за промена! Заедно со Визлиеви и Хермиона тој присуствува на Светското првенство во квидич – невообичаен настан дури и за волшебничкиот свет. Во Хогвортс, пак, првпат по неколку векови се одржува Триволшебничкиот турнир, меѓуучилиштен волшебнички натпревар во кој се соочуваат првенците на трите познати волшебнички училишта, Хогвортс, Бобатонс и Дурмстранг. Но, во заднината на сите овие настани се чувствува темнината и злото: дали конечно ќе се случи долгоочекуваното враќање на Лордот Волдеморт? „Хари Потер и Пламениот пехар“ е четвртиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.

Хари Потер и пламениот пехар
Автор:
Џ. К. Роулинг
Година на издавање:
2020
Издавач:
Арс Ламина
Јазик:
Македонски
Број на страници:
568
ISBN:
9989-32-378-6
Жанр:
Краток опис