
Јадрото на Градската библиотека „Браќа Миладиновци” го сочинува репрезентативна збирка на стари и ретки книги, но и значајна колекција на уметнички слики, акварели и цртежи од Северно Македонската современа ликовна уметност, кои се единствени по својата вредност. Преку оваа збирка публиката има ретка можност да се запознае со неколку вредни ремек дела на Северно Македонската Модерна, меѓу кои и дела на тројца од северно македонската доајенска седморка, Димитар Аврамовски Пандилов, Вангел Коџоман и Томо Владимирски. Димитар Пандилов, првиот северно македонски импресионист, со чија изложба во 1926 година, хронолошки, почнува модерната уметност во Северна Македонија. Вангел Коџоман инспириран од родната Струга, со распеан лиризам и сезановска аналитичност во своите слики. Томо Владимирски, пејсажист, сликајќи ги природните убавини на Северна Македонија, во почетокот со елементи на реализам, подоцна минувајќи ја фазата на импресионизам и задржувајќи се на лирски експресионизам. Плејада на истакнати ликовни уметници, кои оставија свој белег во Северно Македонската Модерна, ја дополнуваат оваа збирка, сопственост на Градската библиотека. Богатството на Градската библиотека, прикажано преку колекцијата на уметнички слики, претставува скапоцен дел од сведоштвото за историјата на северно македонската култура, за творечките настојувања и достигнувања на доајените на Северно Македонската Модерна, нивните следбеници и новите генерации ликовни уменици.
Јулија Темелкова, историчар на уметност
Дел од колекцијата на уметнички слики во сопственост на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје

ВРАЌАЊЕ / RETURNING, 1945
Димитар Пандилов

ПАЗАР / BAZAAR, 1948
Вангел Коџоман

СТРУГА / STRUGA, 1949
Вангел Коџоман

ПЕЈСАЖ / LANDSCAPE, 1978
Томо Шијак

МЕЧКИН КАМЕН / MECKIN KAMEN
Томо Владимирски

СРТ / RIDGE, 1973
Глигор Чемерски

ВЕГЕТАЦИЈА / VEGETATION
Васко Ташковски

1993
Данчо Ордев

МАРКО ЦЕПЕНКОВ / MARCO CEPENKOV, 1999
Владимир Георгиевски

НЕОБИЧНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА / UNUSUAL CIVILIZATION, 1972
Димитар Стојчевски

2003
Гоце Божурски